Шилегов: Возачот на „бентлито“ ќе добие и кривична пријава

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов најави кривична пријава за возачот на автомобилот со марка „бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад.

– Вчерашната снимка беше скандалозна. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот. Ќе го држиме обвинителството под око како ќе постапи по овој случај – изјави Шилегов.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека казната од 45 евра не е доволна за арачиновецот Бурим А., кој на социјалните мрежи постирл видео како со својот „мередес“ вози 234 километри на час.