Иако е строго забрането злоупотреба на деца во предизборната кампања за жал, македонските политичари тоа никако не можат да го сфатат.
Рекламирајќи ги реконструираните патеки во скопскиот Градски парк, СДСМ и градоначалникот користат фотографии на деца од претшколска возраст, нешто што е строго забрането со Декларација за заштита на децата од злоупотреба во политички кампањи.
Неодамна од Првата детска амбасада Маѓаши излего со реакција во кое се веле дела крајно време е политичарите кои ги злоупотребуваат децата за политички цели, да сносат одговорност! Децата не се објекти за декор на политичките фигури и партии!
„Секоја пригода кога политичар/ка ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран/а, снимен/а може да се смета за кампања! Затоа бараме: општините, училиштата, родителите… да се спротивстават и да не дозволуваат децата да бидат злоупотребувани во предизборната кампања!
Политичките партии и политичките фигури не успеваат или не сакаат да разберат што е најдобар интерес на детето. Тие и понатаму ги користат децата на најразлични начини за добивање политички поени. Секоја пригода кога политичар/ка ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран/а и снимен/а може да се смета за кампања и повлекува соодветна одговорност и бара јасен одговор кон што или кому тоа придонесува и со каква намера се прави. Дури и во случаи кога се работи за директна заштита или помош на деца, фокусот постојaно треба да биде на она што е потребно да се направи за децата, како и на причините зошто тие деца се наоѓаат во таква тешка ситуација, а не на самите политичар(к)и или институции кои помагаат, а тоа впрочем им е и должност. Да нагласиме колку е важно да се заштити идентитетот на децата! За жал, најчесто се работи за обиди преку слики и видеа со деца да се прави сопствена политичка промоција или промоција на сопствената политичка партија. Затоа, политичарите не треба да ги прегрнуваат децата, да се сликаат со нив и да им делат подароци пред камерите, туку треба сериозно да работат на проблемите кои ги засегаат децата, да го изнесуваат своето мислење и гласно да поставуваат прашања што ја засегаат оваа ранлива група“, реагираа од Маѓаши.