Непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност вчера во двор од куќа сопственост на 53-годишниот С.М.во прилепското село Дебреште.
Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен на вчера во 01.30 часот, а од фрлено стаклено шише со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина. Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.