Шкотски суд одби да го принуди Џонсон да го одложи брегзитот без договор

Сесионскиот суд во Шкотска го отфрли предлогото на противниците на политиката на британскиот премиер Борис Џонсона, обидеувајќи се со судски налог да го задолжат шефот на владата да го одложи датумот за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија на 31-ви октомври, доколку до 19-ти октомври не биде постигнат договор со Брисел.

Ваквото барање до судот во Единбург го поднесе Џо Могам, кој ги застапуваше интересите на групата противници на ткн „тврд брегзит“, кои бараа да се утврдат точно какви мерки може да бидат преземени против премиерот, доколку не го почитува неодмана донесениот закон во парламент, со кој Борис Џонсон е обврзан да бара одложување на излегувањето од ЕУ на три месеца, доколку до 19-ти октомври не биде постигнат договор со ЕУ. Причина за обраќањето до судот беа изјавите на Џонсон, кој постојано истакнуваше дека Велика Британија „во секој случај“ ќе ја напушти ЕУ на 31-ви октомври, односно и доколку не биде постигнат договор со Брисел околу условите за раздружувањето.

Одлуката од понеделникот на судијата Пол Кален бепше објавена не веб-страницата на судот. Според Кален, при носењето на какви и да се судски налози кои во текот на сослушувањето ги барал претставниците на поднесокот на кралскиот адвокат, „нема неопходност и не би била соодветна“.

Судот ја целен поднесената писмена изјава за ставот на владата, како доволен силен доказ дека премиерот ќе го почитува законото што претходно го донесе парламентот, а кој го задолжува да побара од ЕУ да го одложи брегзитот доколку Лондон и Брисел не успеат да склучат нов договор за условите за претстојното раздружување до 19-ти октомври.

Сесионскиот суд на Шкотска го разгледуваше барањето поднесено во името на претприемачот Дејл Винс и пратеничката од Шкотската национална партија (SNP), Џоана Чери, кои бараа од судот да ја исклучи можноста од брегзит без договор. Меѓу другите, судиите одлучуваа и дали премиерот ќе се соочи со затворска казна доколку го игнорира ткн Закон на Бен, кој минатиот месец го донесе британскиот парламент и со него се обврзува владата да побара од ЕУ да го одложи брегзитот до 31-ви јануари 2020 година, доколку не може да се склучи договор. Могам, Винс и Чери имаат намера во вторник да ја обжалат одлуката на највисоката судска истанца во Шкотска.