Соединетите држави и НАТО префрлуваат трупи од Северна Америка кон границите на Русија, предупреди во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во фонот на ескалацијата на меѓусебните обвинувања за зголемување на тензиите околу Украина.
„Главнината на силите (на САД и НАТО) се концентрираат во Црноморскиот басен и во Балтичкиот регион“, истакнал во вторникот на состанокот со офицерите во Североморск, генералот Шојгу.
Како што прецизирал рускиот министер за одбрана, „вкупно 40.000 војници и 15.000 единици вооружување и воена техника, вклучилтелно и стратешка авијација ќе бидат концентрирани во близна на територијата на Русија“.
Шојгу, како што пренесуваат руските новинска агенции, рекол дека американските трупи се прекомандуваат од континенталните делови на Северна Америка преку Атлантикот кон Европа.
Истакнал дека „во Полска и балтичките земји се зајакнуваат американските трупи“ и оти е „започната и се реализира американската концепција „четири до триесет“, како и дека американските сили на руските граници „интензитетот на воздушното разузнавање двојно го зголемиле во споредба со минатата година, како и на поморското разузнавање“.
„Секоја година во Европа, Алијансата изведува до 40 големи маневри со оперативна обука, кои имаат јасна антируска ориентираност. Оваа пролет, здружентие воени сили на НАТО ја започнаа најамбициозната вежба последните 30 години Defender Europe 2021“, истакнал Шојгу.
Шојгу, исто така, рекол дека во следните три седмици, две армии и три групации на воздушно-десантните сили ќе бидат прекомандувани на западните граници на Русија, како дела од проверката за борбената готовност на единиците, а маневрите ќе траат две седици,
Покрај тоа, рускиот министер ја посочил сложената ситуација на Арктикот, каде западните земји имаат намера да се спротистават на доминатното присуство на Русија.
„Меѓу водечките земји во светот се зголемува конкуренцијата за пристапот до ресурсите на Северниот Леден Океан и контрола на перспективните транспортни маршрути преку Арктикот. САД и нивните сојузници во НАТО ги зголемуваат поморските и копнените сили на Арктикот, зголемувајќи го интензитетот на борбените обуки, проширавање и модернизирање на воената инфраструктура“, рекол Шојгу на средбата со офицерите.
Посочил дека сепак руската Северноморска флота е „опремена со модерна воена опрема и е способна да се соочи со секакви предизвици и закани“.
Изминатиот период САД остро реагираат на наводната „руска агресија“ и раздвижување на руските трупи на црноморскиот полуостров Крим кој по 2014 година и превратот во Киевр се присоедините на Руската Федерација, како и на источната граница на Украина. Вашингтон ја повикаа Москва да ја деескалира ситауцијата и да ги повлече своите трупи.
Во вторникот, заменикот на шефот на руската дипломатијата Сергеј Рјабов посочи дека на американската страна ѝ биле доставени сите неопходни информации и коментари. Истакна и дека Русија нема да го одржува дијалогот во „тонот и перспективите на предлозите“ од САД и оти Вашингтон ќе мора да биде задоволен со веќе добиените информации. Всушност Рјабков алудираше на пораките од Москва, кои во вторникот ги повторни портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека Русија „не е должна никому да ги објаснува движењата на руските трупи на својата територија“.