Шојгу: Русија „методично“ го спроведува планот на истокот на Украина

Руските сили „методично ги спроведуваат“ плановите за „ослободување“ на двата проруски региона на истокот од Украина одметнати по превратот во Киев во 2014-та поддржан од Западот, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, додавајќи дека Западот е подготвен со постојаното вооружување на украинската војска да војува со Русија „до последниот Украинец“.

Руските сили на 24-ти февраури ја започнаа својата офанзива во Украина, којашто Москва ја нарекува „специјална воена операција“ со ограничени цели со цел да го спречат нападот на украинската војска врз двата проруски региона Доњецк и Луганск и „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. Покрај тоа, целат на Русија е „демилитаризација“ на Украина и „денацизација“ односно уништување на крајно десничарските поравоени формации во соседната земја.

По брзото продирање, запирање на триесеттина километри од украинската престолнина Киев и вршењето постојан притисок речиси еден месец, руските трупи на 30-ти март започнаа со прегрупирање кон истокот на Украина и подготовка за „чистење“ на областа Донбас со доминатно руско и рускојазично население од украинските сили, а богата со јаглен и челик.

„Планот да бидат ослободени нароните републики Доњецк и Луганск се спроведува методично“, рекол министерот Шојгу на состанокот на руските одбранбени фунцкионери, пренесува агенцијата РИА:

Западните земји под влијание на САД изминатите осум години, а особено од крајот на минатата 2021 година на Украина досега ѝ донираа пари и воена опрема во износи од десетина милијарди долари, а само Вашингтон последната половина година дал оружје повеќе од 2,5 милијарди доларио.

„САД и западните земји под нивна контрола прават сѐ да ја одолговлекуваат што е можно повеќе специјалната воена операција. Зголемениот обем на испораките на странско оружје јасно ги покажува нивните намери да го испровоцираат режимот во Киев да се бори ‘до последниот Украинец’“, рекол Шојгу.

Истовремено, според Шојгу, акциите на руските војници и квалитетот на употребеното оружје „уште еднаш ја покажуваат исправноста на приоритетите за опремување на вооружените сили“ утврдени од руското водство.

Во напорите да ја прикажат како неуспешна руската офанзива во Украина, западните медиуми шекулираа дека поради наводните „големи загуби“ Шојгу бил во немилост, па дури и се шпекулираше дека е ликвидиран или тргнат до функцијата. Тој, имено уште од 24-ти февруари само двапати беше виден во јавноста.

На брифинг за новинарите во Кремљ на прашање во тој контекст, портпаролот Дмитриј Песков рече дека причина за тоа е што е преокупиран со своите должности и нема врме за медиумски активности.