Толпата млади луѓе кои протестираат поради убиството на осумнаесетгодишниот Ангел Петковски полицијата ја растерува со употреба на шок бомби.
Засега, според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, при протестите нема повредени, велат само еден полицаец се пожалил на повреда. Од испукувањето на шок бомбите оштетени се неколку излози во дуќаните на улицата Ѓорче Петров.
Полицијата се обидува да спречи ескалација на протестите бидејќи учесниците во истите се обидуваат да стигнат до Нерези, во која дел од населението се етнички Албанци.
Стотици млади веќе три часа ја блокираат улицата Ѓорче Петров во истоимената скопска населба. Полициски службеници и припадници на специјалните единици го обезбедуваат протестот во обид да спречат инциденти, физички напади и уништување на имот.