Шокантното заминување на Борис Џонсон ги потресе британските владејачки конзервативци

Старите раздори избувнаа во саботата во британската владејачка Конзервативна партија по ненадејната оставка на поранешниот премиер и партиски челник Борис Џонсон од пратеничкото место во Парламентот, додека опозициската Лабуристичка партија почувствува во тоа можноста пред општите избори следната година.

Џонсон доцна вечерта во петокот објави дека ја завршува својата 22-годишна политичка кариера на британската сцена во знак на протест против парламентарната истрага за неговото однесување како премиер во текот на пикот на пандемијата на ковид-19, кога во владината резиденција во Даунинг стрит 10 се одржувале раскалашените забави и покрај строгите карантински мерки кои беа на сила.

Во својата изјава за оставката Џонсон се спротистави на истрагата којашто истражува дали тој го лажел Долниот дом за забавите во владината резиденција во споменатиот период. Исто така, се нафрли и на актуелниот лидер на Ториевците и премиер, Риши Сунак.

Конзервативните пратеници, лојални на Џонсон, од кои некои од нив од него примија високи политички почести само неколку часа пред да ја објави оставката, го фалеа во саботата неговиот потег во објавите на социјалните мрежи. Другите негови партиски колеги, пак, молчеа.

„Браво Риши, што ја започна оваа глупост!“, напиша пратеничката Андреа Џенкинс во WhatsApp групата на Конзервативната партија, на снимката којашто ја сподели новинар на телевизијата Sky News.

Џенкинс во петокот од Џонсон ја прими почесната титула Дама, овластување коешто го имаат премиерите на заминување, иако по Џонсон, Велика Британија доби уште двајца премиери конзервативци.

Премиерскиот мандат на Џонсон беше предвреме прекинат делумно и поради големиот гнев во неговата партија и воопшто во британската јавност поради раскалашените забави на персоналот во неговиот кабинет и во резиденцијата во Даунинг стрит со кршења на епидемиолошките прописи за ковид-19. Џонсон тврдеше дека истражната комисија не нашла „ниту трошка докази“ против него.

„Приврзаниците на Сунак ги искористија своите оставки за да го отераат Борис и неговите приврзаници од должноста“, изјави во саботата конзервативниот пратеник Џон Редвуд, алудирајќи на одлуката на Сунак да ја напушти владата на Џонсон минатата година, што всушност го поттикна бранот оставки во владата и падот на Џонсон.

Што откри комсијата?

Џонсон потврди во петокот вечерта дека поднесува оставка на должноста пратеник во Парламент којашто стапува на сила веднаш.

Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарната истрага за тоа дали го лажел Долниот дом кога рекол дека била почитувани сите правила воведни поради пандемијата на ковид-19.

Комисијата за повластувањата на британскиот парламент истражуваше дали Џонсон со изјавите кои ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година намерно ги излажал пратениците за забавите кои се одржувале во владината резиденција во Даунинг стрит 10 во текот на „затворањата“ поради пандемијата на коронавирусот, при што и самиот тој присуствувал на некои од нив.

Во својот доказен документ на 52 страници кој ѝ ги предал на комисијата во март годинава, Џонсон признал дека го залажал парламентот, но негирал дека тоа го сторил намерно.

Признал дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите, всушност забавите, во Даунинг стрит 10 во текот на пандемиските „затворања“, ограничувања на движењата и соборите на повеќе лица, кога на Британците не им беше дозволено дури да присуствуваат на погреби или други церемонии на најблиските.

Меѓутоа, Џонсон навел дека тоа биле „важни“ работни настани, за коишто тврдел дека биле дозволени. Инсистирал на тоа дека насоките, како што тој ги разбирал, биле следени целото време на траење на здравствени ограничувања поради пандемијата.

„Многу е важно да се напушти парламентот, барем засега. Ме истера мала група луѓе, без никакви докази со коишто би ги поткрепиле своите тврдења, и без одобрување дури и од членовите на Конзерватинвата партија, а не пак од поширокото гласачко тело“, исткана Џонсон во писмената изјавата.

 

Лабуристите сакаат да го искористат моментот

Заминувањето на Џонсон од Парламентот, заедно со неговата следбеничка и поддржувачка Надин Дориес којашто, исто така, во петокот поднесе оставка, создаде ислови за распишување дополнителни избори за двете изборни едници кои ги држат конзервативците и коишто сега Сунак, како челник на партијата, треба да ги одбрани.

Опозициската Лабуристичка партија, којашто во анкетите во последните месеци има околу 16 отсто предност пред Кознервативната партија, објави дека ѝ се допаѓа таквата можност.

„Ќе се бориме за победа во тие изборни единици“, изјави во саботата за BBC заменичката на челникот на лабуристите Анџела Рејнер.

Одлуката да поднесе оставка од пратеничкото место би можело да биде крај за 22-годишната политичка кариера на Борис Џонсон, во која од пратеник преку градоначалник на Лондон изгради профил кој донесе превагнување во ситуацијата на рамнотежата околу британското излегување од Европската унија во јуни 2016 година, во полза на брегзитот, а потоа и до премиерската функција станувајќо еден од најголемите поддржувачи и застапници на Украина во војната со Русија.

Претходните месеци, инаку, Џонсон во некои медиуми се споменуваше и како потенцијален наследник на Јенс Столтенберг на челната позција во НАТО.
Ед Дејви, челникот на опозициската партија на либералните-демократи, изјави дека Џонсон „скокна пред да биде турнат“. „Никогаш не беше способен ниту за пратеник, а не, пак, за премиер на нашата голема земја“, коментираше Дејви.