Актуелниот министер за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц има големи шанси да стане ткн шпицен кандидат односо претенден за канцеларската должност на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), пренесува во средата неделникот Die Zeit, повикувајќи се на партиски кругови.
„Многу социјалдемократи мислаt дека во несигуритe времиња предност е да се тргне во изборната трка со лице коешто граѓаните го познаваат и во коешто имаат доверба“, изјавил извор од партискиот врв и пратеничката група на SPD, се прецизира во текстот на неделникот.
Кандидатот за канцелар кај социјалдемократите ќе го предлагаат овојпат двајцата претседатели на партијата, Саскија Ескен и Норберт Валтер-Борјанс. За разлика од Шолц кој му припаѓа на покознервативното крило на SPD, двајцата ја застапуваат левата партиска фракција.
Ескен и Валтер-Борјанс дури по летната пауза ќе се изјаснат за прашањето за социјалдемократскиот кандидат за канцелар на изборите за Бундестагот во 2021 година.
На Шолц во партијата многумина му забележуваат за преголема блискост со демохристијаните, поголемиот коалицискиот партнер во ткн „Гроско“ (големата коалиција) со што беше избегната политичка криза во Германија по последните избори. Тој меѓу сопартијците важи како заговорник на продолжувањето на коалицијата со унијата на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU) на актуелната канцеларка Ангела Меркел.
Тоа би можело да биде проблематично за Шолц, бидејќи SPD од самиот почеток на актуелниот изборен период е остро поделен околу прашањето на коалицијата со демохристијаните. Негова предност, пак, би можела да биде долгогодишното искуство на разни министерски функции и на позицијата градоначалник на градот-сојузна покраина Хамбург.
На парламентарните избори во септември 2017 година, SPD којашто повеќе од половина век на власта се менуваше со Унијата CDU/CSU, го оствари историски најслабиот изборен резултат по Втората светска војна. Поради тоа оставка си поднесе тогашниот партиски лидер Мартин Шулц, кој ја напушти функцијата претседател на Европскиот парламент за да ја предводи SPD на изборите во 2017-та како партиски челник и ткн шпицен кандидат за канцелар.
Неговата наследничка на лидерската позиција Андреа Налес во јуни 2019 година поднесе оставка поради лошите резултати на изборите за Европскиот парламент. Но и нејзината привремена наследничка Мануела Швезинг во септември истата година се повлече поради дијагностициран рак на дојката.
На крајот од ланскиот ноември на конгресот на SPD водството го презема двојката Ескен и Валтер-Борјанс, поради што требаше да биде изменет статутот на партијата кој дотогаш предвидуваше само една личност на чело на партијата. Но и натаму најстарата активна германска партија бележи голем пад на рејтингот паѓајќи на третото место зад Зелените израмнувајќи се со антидоселеничката и евроскептична партија Алтернатива за Германија (AfD).