Шолц: На Германија ќе ѝ биде потребен преоден период за спроведување на ембаргото на рускиот јаглен

Германија ќе мора да го искористи целиот преоден период за спроведување на забраната на увоз на рускиот јаглен под санкциите на Европската унија, изјави во четвртокот вечерта канцеларот Олаф Шолц.

Амбасадорите во Европската унија договорија петти пакет санкции против Русија од 24-ти февруари, кој вклучува и ембарго на увозот на рускиот јалген, со 120-дневен период на запирање со цел земјите членки на ЕУ да набават доволно руски јаглен во меѓувреме и да пронајдат алтернативни добавувачи.

Тоа важи и за руското нуклеарно гориво, што неодамна го искористи Чешка која на 1-ви април го искористи правилото да овозможи лет на руски авион во воздушниот простор на ЕУ за третата набавка на нуклеарно гориво од Русија по 24-ти февраури.

„Ќе мораме да го искористиме целиот овој период“, изјави Шолц на прес-конференција по состаникот со премиерите на 16-те германски сојузни покраини.

„Доколку тоа биде побрзо, толку подобро. Но ќе ни биде потребно извесно време, а ќе им биде потребно и на компаниите, иако веќе одредено време бараат нови добавувачи“, додаде Шолц.

Извештајот на германското министерство за економија подготвувано за Бундестагот предупреди на почетокот од седмицава дека Германија веројатно ќе мора да исклучи некои од своите електроцентрали доколку веднаш го прекине увозот на рускиот јаглен. Во истиот извештај истакнува дека „непосредната забрана на увозот на рускиот јаглен би довела до недостиг од јаглен по неколку седмици“.