Шопова до Заев: Дали и човечките животи за вас се политика?

Д-р Жаклина Шопова од скопската Инфективна клиника реагира на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев кој смета дека согласно извештајот на јавното обвинителство за смртта на 14 пациенти кои изгореа во модуларната болница во Тетото, нема одговорност кај министерот за здравство, Венко Филипче и неговиот заменик Хасани.

Заев: Нема причина за политичка одговорност кај Филипче и Хасани!!!
Никој од нив не бара во моментов политички да одговараат, туку да одговараат за: 1.неодговорноста кон народот, кон нивното здравје,
2.за голем број на изгубени животи од КОВИД во пандемијата,
3.за сите оние други пациенти од други болести кои не можеа да се лекуваат така како што заслужуваат
4.за сите вработени во здравствениот систем кои заради неадекватно менаџирање се истрошени, деградирани …и за уште многу , многу други работи кои вие ги гледате розово, но фактите зборуваат обратно.
Сега и после тој немил настан во модуларната болница во Тетово, за која му требаше 2 дена на Филипче па реда ради и под изговор на морал да поднесе оставка до премиер, наместо како човек пред се ,а потоа како професионалец да достави неотпивиклива оставка….Но!!! за жал тој е само политичар и тоа ваш политичар и нормално е да нема политичка одговорност!!!
Дали и човечките животи за вас се ПОЛИТИКА г- дине Заев!?