Загари – Камелеони

Пред  да ја пишувам колумнава, само што ја добив веста за смртта на поранешната министерка за надворешни работи, професорката Илинка Митрева, која починала на 72 годишна возраст. Митрева, секогаш ги застапуваше македонските интереси. Така, Митрева ќе напише за Заев: „ Време е да се соочи со судот на јавноста, посегна по идентитетот, јазикот, историјата… Евроинтеграциите  биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста…истакнува Митрева на интервјуто на тогашниот премиер за БГНЕС“.

Заев се соочи со судот на јавноста и тоа на Локалните избори, ги изгуби катастрофално, народот му покажа на овој камелеон (Заев) да си оди и тоа му се случи. Истото ќе му се случи и на овој сегашниов премиер Таче. Тоа народот ќе му го каже мошне јасно на РЕФЕРЕНДУМОТ-кој тој го потценува и го множи со нула. Но народот ќе го помножи со нула. Тоа ќе го види како што го виде  и неговиот Заев. За потпишаниот француски договор и билатерален протокол кој е составен дел на францускиот предлог, каде што бугарската министеркаТеодора Генчовска, истакна дека:„ Македонски јазик, не признаваме такво нешто, вели Генчовска, ќе нема во документите во ЕУ“. И додава, дека „преговорите ќе започнат по внесување на Бугарите во Уставот“. Јасно кажано од бугарска и европска страна.

Со потпишување на францускиот договор од страна на Бујар Османи и од бугарска страна, нашите загари Османи, Таче, Маричиќ го прогласија за историски чин и го прославија скриени во глувчешкиот пратеничкиот клуб заедно со предавниците пратеници на СДС, ДУИ…и како што наведува Таче, Османи, Маричиќ дека за нив:„ францускиот предлог е европски…“. Па  започнаа, како што велат „широки консултации“ со „експерти“, новинари, аналитичари… Правите експерти кои ги третираат европските интеграции во земјава не се повикани и така бидна. За овие загариве неподобни. На тие консултации им било објаснето на присутните загари дека се има „ јасни позиции за македонскиот јазик, и дека започнуваме преговори“. Лага до лага… Но заборавија да им кажат дека преговори ќе отпочне тогаш кога ќе има промени на Уставот, односно кога ќе се вметнат Бугарите во уставот. Во спротивно нема преговори.

Ги излажаа ги подготвија загарите со своите мегафони да настапат по разни портали, интервјуа со убедување дека ова е најдобрата историска шанса за Македонија. Ја потценија опозицијата. Ја отфрлија. Па така, загарот Зоран Иванов почнува со убедување, дури да ги навредува македонистите од Институтот за македонски јазик и Унститутот за  литература, па Филолошкиот факултет при УКИМ и УГД-Штип, против претседателот на МАНУ, па се надоврзува со напади т.м.аналитичат загар на Заев Ненад Јовановиќ, Бранко Тричковски, па Евтов, па Катерина Колозова, која вели: „треба да им се извиниме на бугарите“, па Ана Паноска новинарка со напад на Лупчо Коцарев, па се појавува Пендаровски да го нападне претседателот на МАНУ, како и против академик  Ќулафкова и така по ред. Загариве почнуваат во еден глас: „ Сите кои се против или се изјаснуваат против францускиот предлог  и билатералниот протокол веднаш се етикетирани како „анти НАТО, анти ЕУ и одработуваат за трети сили“. Незнам овие загари каде ќе го сместат Ван дер Берг кој вели:„ Пендаровски и Димитров се камелеони, смениле страни повеќе пати“ или евроамбасадорот Фуере…

Вие загарите и  камелеоните треба да знаете едно. Македонскиот народ во Македонија и пошироко се за европски вредности. Во надминување на криминалот и корупцијата која е на највисоко ниво, за човекови права, екологија, не за корумпирано судство, обвинителство, криминална финансиска полиција. Со еден збор сме за Копенхагенски критериуми, а не за бугарски критериуми на асимилација, нарушување на македонското достоинство, туку за почитување на Македонците во Пирин, Егеј, Албанија и секаде каде што се Македонците. Со реципрочно почитување. Да ова треба да биде приоритет! А не она што го сака Бугарската страна.

Па,ајде на РЕФЕРЕНДУМ. Сигурно нема да биде прашањето како што вели камелеонот Пендаровски: Дали сте за европска Унија. Смешно од еден смешен КАМЕЛЕОН. Сите сме за Европска унија, НО не под вакви услови на асимилација, негирање на македонскиот јазик, идентитет, историја, географија…односно по бугарските барања.

Па, ајде на Референдум, зошто се плашите камелеони и загари, АЈДЕ!

А, за промена на Уставот и да се вметнат Бугарите, како што вели вашиот миленик Заев: „ МАЛО сутра“ („ Малку утре“).  Нема промена на Уставот!. Нема. Тоа е одлука на Македонскиот народ, а тоа ќе го спроведат опозиционите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!

Тоа ви го кажа и Евроамбасадорот Гир:„ Ако не го смените Уставот, преговарачкиот процес ќе запре„. Да и ќе запре. Тоа е одлука на Македонскиот народ!

Во Европа со европски вредности и со македонски интереси!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес