Шпанија во вторникот се подготвува да ја издаде првата ткн зелена обврзница, најавувајќи го септемврискиот бран на издавање на хартии од вредност со коишто земјата планира да ја поткрепи „зеланата“ потрошувачка во закпрепнувањето од кризата предизвикана пандемијата на коронавирусот.
Владата во Мадрид со обврзницата којашто доспева за наплата за 20 години ќе се задолжи за пет милијарди евра, според IFR, во согласност со јулските најави на министерството за финансии, а планира да ја продаде директно на крајните вложувачи преку група банки. Вредноста на собраните досега понуди изнесува 60 милијарди евра.
Со овој потег Шпанија им се придржува на сѐ поголемиот број европски земји кои оваа година емитуваа обврзници за финансирање на „еколошки прифатливите потрошувачки“, сметајќи на добар одѕив на инвеститорите. Европската комисија претходно во вторникот објави дека првата „зелена“ обврзница ќе ја издаде во октомври.
„ЕУ има намера од денеска до крајот на 2026 година да издаде ‘зелени’ обврзници во вредност до 250 милијарди евра, со што ќе станеме најголемиот издавал на зелени обврзници во светот“, истакна во писмената изјава комесарот на ЕУ за буџет и управа, Јоханес Хан.
Брисел по анализите на планот за финансиски закрепнување оваа година потврди дека и годинава планира да издаде долгорочни обврзници во вкупна вредност од околу 80 милијарди евра и краткорочни хартии од вредност вредни неколку десетина милијарди евра.
Германија во среда ќе ја издаде својата четврта „зелена“ обврзница, а Велика Британија на пазарот на задолжување ќе се појави по две седмици.
Австрија се подготвува да се задолжи за 1,61 милијарда евра со обврзници кои доспеваат за наплата во 2031 и во 2037 година, а Германија ќе ги измени износите за издавање на обврзниците индексирани за инфлацијата со рокови за наплата во 2030 и 2046 година, со цел да соберт 700 милиони евра.