Шпанија ја разгледува можност за воведување четиридневна работна недела

Властите во Шпанија ја разгледуваат можноста да се воведе работна недела од четири дена. Веќе некои компании го имаат применето овој систем.

Пабло Иглезијас, заменик-премиерот и претседател на левичарската партија Унидас подемос, изјави дека се разгледува намалување на работчните чеасови за да се зголеми вработеноста.

Од друга страна, корпорацијата Унилевер најави дека на Нов Зеланд ќе применат четириднавна работна седмица, заради добробоит на раотниците и зголемување на нивната продуктивност.

Ваквата идеја постои веќе неколку години, а пандемијата од корона вирус многумина поттикна да размислат за постоечкиот економски и социјален систем.

Пандемијата натера голем број компании да отпуштат дел од работниците за да можат да продолжат да работат. Оттука се повикува што повеќе да им се помогне на луѓето со ниски примања и наоние кои работат во сектори кои се тешко погодени со кризата, пренесе магазинот „Блумберг“.