Фудбалските селекции на Шпанија и Италија се приближија на чекор до пласман на Европското првенство во 2020 година, откако во неделата вечерта во своите групи ги освоија и шестите победи.
Шпанија во Гихон ги победи Фарски Острови со 4:0 и води во Групата Ф со максимални 18 бодови. По два гола постигнаа напаѓачот на Валенсија, Родриго во 13 и 50 минтуиа, и напаѓшачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер во 90 и третата минута од судиското продолжение.
Ова беше меч во кој капитенот на „Црвената фурија“ Серхио Рамос се запиша во историјата достигнувајќи го Икер Касиљас на листата фидабелри со најмногу настпи во националниот дрес. Сега и двајцата имаат по 167 репрезентативни настапи. Сега на Рамос му недостигаат само уште девет натпревари за репрезентацијата за да го стаса вкупниот европски рекордер Џиџи Буфон во дресот на Италија, додека за да го израмни светскиот рекорд според бројот на настапите за нацииналната селекција, Египќанецот Ахмед Хасан, треба да одигра уште 17 натпревари.
Во вториот дуел од групата Шведска и Норвешка одиграа 1:1. Гостите поведоа во последните моменти од првото полувреме со голот на Стефан Јохансен, а Шведска израмни во 60 минута по убавата акција која ја заврши Емил Форсберг.
Ремито во Стокхолм најмногу им одговараше на Романците кои пред своите навивачи ја победија Малта со голот на Георге Пушкаш во 47 минута, со што се вратија во игра за пласман на Европското првенство.
Шпанците водат на табелата со 18 бодови, Шведска има 11, Романија 10, Норвешка 9, Малта има три бода а на дното се Фарски Острови со сите шест бодови.
Шестата победа во квачлификациите ја впиша и Италија која во Групата Ј ја победи на гостувањето Финска со 2:1. Ова инаку беше 11-та последователна победа на „Аѕирите“ против финската селекција.
Италијанците поведоа во 59 минута со голот на Чиро Имобиле, а израмни од пенал Теему Пуки во 72 минута постигнувајќи го својот петти погодок во последните четири мечеви. Интересно е што тоа беше и единствениот удар на Финска во рамките на противничкиот гол. Шест минути подоцна шкотскиот арбитар Боби Маден досуди пенал и за Италија откако Саули Ваисенен играше со рака во својот шеснаесетник, а најстрогата јазна ја реализирапе Жоргињо. Италијанците можеа да победат и поубедливо во Тампере, но Лукас Храдецки одлично бранеше на финскиот гол.
Во претходно одиграниот меч Ерменија ја победи Босна и Херцеговина со 4:2, а по дуелот босанскиот селектор Роберт Просинечки веднаш поднесе оставка. Ова беше пораз по кој стана јасно дека пропаднаа амбициите на БиХ да се пласира на ЕУРО 2020, но и за оваа селекција останува уште една шанса да избори пласман преку плеј-офот во Лигата на нациите на УЕФА.
Најдобар играч на мечот беше Хенрик Мхтаријан кои постигна два погодока и имаше две асистенции. За Ерменија стрелци уште беа Ховханес Хамбардзумјан во 78 и Стипе Лончар во четвртата минута од судиското продолжение, а за БиХ Един Џеко уште во 13 минута, и Амер Гојак во 71 минута.
И Грција дефинитивно испадна од сите комбинации за пласман, откако на домашен терен одигра 1:1 против аутсајдерот Лихтенштајн. Јоргос Масура ги доведе домашните во водство во 33 минута, а за гостите израмни Денис Саланович во 85 минута. Ова беше првиот гол и бод за Лихтенштајн во групата.
На табелата води Италија со максималните 18 бодови, Финска има 12, Ерменија 9 а следат БиХ со 7, Грција со 5 и Лихтештајн со еден бод.
Во Групата Д беа одиграни два меча. Швајцарија во Сион рутински одработи против Гибралтар (4:0), а стрелци беа Денис Закариа во 37, Адмир Мехмеди во 43, Рикардо Родригез во четвртата минута од судискоро продолжение на првото полувреме, и Марио Гаврановиќ во 58 минута.
Во вториот меч Данска не успеа да ја пробие одбраната на Грузија па мечот во Тбилиси заврши без голови.
На табелата води Ирска со 11 бодови, Данска е втора со 9, Швајцарија има 8, Грузија 4, а последен е Гибралтар со пет порази и гол разлика 0:16.