Постојат знаци дека Шпанија го мина пикот од нејзиниот последен бран во пандемијата коронавирусот предизвикан од омикрон сојот, изјави во петокот шпанската министрка за здравство Каролина Даријас.
„Сето тоа укажува дека кривмата на инфекцијата паѓа“, рече Даријас додавајќи дека падот на заразите продолжува од ден во ден.
Седумдневната инциденца го достигна врвот во текот на минатата седмица, а потоа падна на сегашното ниво од 1.306 зарази на 100.000 жители.
Притисокот врз шпанскиот здравствен систем, исто така, се намалил, Минатата седмица бројот пациентии со Covid-19 во болницте паднал од 15,2 на 14,7 отсто. На одделите за интензивна нега бројот на ковид-пациентите паднал од 23,3 на 21,7 отсто, покажуваат податоците на министерството за здравство, Во истиот периот имало 1.100 смртни исходи поврзани со Covid-19.
Во последните две седмици забележани се вкупно 1,48 милиони котонаинфекции. Повеќето од заразените не покажуваат никакви или само благи симптоми на болеста.
Шпанија има висока стапка на вакцинирани во споредба со другите европски земји. Повеќе од 80 отсто досега примиле две дози, а 44 отсто ја примиле и третата доза. Поради тоа, многу делови од земјата ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.