Шпанија со амбициja да ја запре пандемијата до летото 2021 година

Шпанското Министерство за здравство постави амбициозна цел да и стави крај на пандемијата на коронавирусот во земјата преку масовна кампања за вакцинација, изјави министерот за здравство Салвадор Ила.

Властите, кои вчера започнаа со вакцинација, очекуваат меѓу 15 и 20 милиони луѓе да примат вакцина во првата половина на следната година.

Ила истакна дека кампањата е „невиден логистички и здравствен предизвик“, што претставува „почеток на крајот“ за заразата.

Досега во Шпанија се потврдени 1.869.610 заразени случаи со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починале 49.824 пациенти.