Актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, ќе биде противник на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификацискиот циклус за престојното Европско првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Франција.
Нашиот национален тим е дел од групата “Д”, а освен против “црвената фурија”, избраниците на Бошко Ѓуровски добија шанса да играат и против репрезентациите на Белорусија, Луксембург, Словачка и селекцијата на Украина.
ГРУПА А: Холандија, Казахстан, Исланд, Летонија, Турција, Чешка.
ГРУПА Б: БиХ, Андора, Кипар, Велс, Израел, Белгија.
ГРУПА Ц: Шпанија, Луксембург, Македонија, Белорусија, Словачка, Украина.
ГРУПА Д: Германија, Гибралтар, Грузија, Шкотска, Полска, Ирска.
ГРУПА Е: Англија, Сан Марино, Литванија, Естонија, Словенија, Швајцарија.
ГРУПА Ф: Грција, Фарски О., С.Ирска, Финска, Романија, Унгарија.
ГРУПА Г: Русија, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Австрија, Шведска.
ГРУПА Х: Италија, Малта, Азербејџан, Бугарија, Норвешка, Хрватска.
ГРУПА И: Португалија, Албанија, Ерменија, Србија, Данска.