Полицијата во Шпанија запленила околу 200 килограми кокаин од Латинска Америка, кој бил сокриен во ананаси.
Плодовите исполнети со кокаинот биле откриени во контејнери кои пристигнале од Алгесирас-југоисточна Шпанија.
Полицијата уапсила три лица и не ја исклучила можноста за нови апсења.
Шпанија поради своите врски со поранешните латинскоамерикански колонии е погодна за влез на кокаин од Америка во Европа.