Шпанска приватна безбедносна компанија задолжена за обезбедување на еквадорската амбасада во Лондон, го шпионирала основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж, за интересите на американските разузнавачи, пишува во петокот мадридскиот дневен весник El Pais.
Како што се наведува во написот, се претпоставува дека сопственикот на компанијата „Undercover Global S. L.“, на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и предавал аудио и видео-материјали од средбите на Асанж и неговите адвокати и помошници. Поради овие наводи, во Шпанија е отворена истрага против Моралес.
Пријавата е поднесена од самиот основач WikiLeaks. Во неа безбедносната компанија и нејзиниот шеф се обвинети за нарушување на личниот живот, подмитување, перење пари и други кривични дела. Моралес сѐ уште не ги коментирал овие информации.
Во написот, исто така, се истакнува дека следењето на Асанж се засилило откако во Еквадор на власт дојде претседателот Ленин Морено.