Штета од 25.000 евра – од Маџари украден кабел за регулирање и сигнализација на железницата

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје.

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.