Штипјанец се излекувал од коронавирусот пред еден месец, пак се заразил

Штипјанец што бил излекуван од коронавирус, по извесно време повторно се заразил од опасниот вирус. Тој е на 46 годишна возраст и сега се наоѓа на Инфективното одделение во Штип.

Директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓијев вели дека на пациентот првиот пат вирусот му бил потврден пред повеќе од месец и половина, вториот пат при тестирање во текот на оваа недела.

Епидемилолзите се уште истражуваат дали штипјанецот повторно бил заразен од вирусот или се работи за продолжена инфекција.

Вкупно на инфективното одделение се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден тест на коронавирус, останатите се сомнителни, со симптоми.