Би сакале да ја известиме јавноста дека на дневен ред на денешната седница на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој на општо изненадување на сите граѓаните се најде Одлуката за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење, како и тарифа за собирање и одведување на урбани води, обелоденуваат од Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.
„Станува збор за покачување на цената на водата што ја користат штипјани за периодот од 2021 до 2023 г. со што е предвидено градациско покачување на цената на водата во секоја наредна година. Па така според просечната тарифа м3 вода штипјани оваа година ќе го плаќаат приближно 38 ден, односно 37.77 ден за м3, додека во 2023 цената би достигнала нешто над 40 ден. Дека ваквото значително покачување на цената на водата не е резултат на зголемената куповна моќ на граѓаните, туку претставува уште едно оптоварување на семејниот буџет е повеќе од очигледно“, велат од партијата.
ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време предупредува за расипничкото владеење и неефикасно управување на институциите од страна на СДСМ. За жал цената за сето тоа е на товар на граѓаните и како новогодишна честитка пристигна уште на почетокот на годината.