Во согласност со Програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на автотакси превозот на подрачјето на Општина Штип, од денес тече јавен повик за пријавување такси-возачи за посетување обука за изучување англиски јазик. На јавниот повик може да се пријавуваат такси-возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Општина Штип, за да посетуваат обука за изучување англиски јазик. Обуката за изучување англиски јазик опфаќа посетување предавања кои ќе ги вршат професори по англиски јазик. Обуката ќе содржи 80 часови, односно 40 блок часови. Трошоците за обука за изучување англиски јазик се обезбедуваат од Буџетот на Општина Штип, пренесува „1.мк“.
Право на учество на јавниот повик имаат сите такси-возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Општина Штип кои не се постари од 62 години и се вработени како такси-возачи. Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување англиски јазик. Кандидатите кои нема да се пријават на Јавниот повик до рокот предвиден за пријавување, немаат право да ја посетуваат обуката организирана од Општина Штип односно подготовките за испитот ќе биде на нивни трошок.
Заинтересираните таксисти треба да поднесат пријава до Архивата на Општина Штип (пријавата може да се подигне од шалтер бр.1 или да се преземе од интернет-страницата www.stip.gov.mk). Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува. Пријавите можe да се достават во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.