Уживате во сексот, но често чувствувате притисок првенствено да го задоволите партнерот и да се грижите за својот изглед и поради она што го правите во кревет. Кај овие луѓе, либидото е природно ниско или пак доживееле непријатни сексуални исксуства во минатото. Но, ќе процветате ако партнерот успее да ви ја врати сексуалната сигурност.
Вашиот идеален партнер треба да биде трпелив и емотивно интелигентен маж. За вас е многу поважно да ве разбира, отколку меѓу вас да владее неповторлива хемија.
Обрнете внимание на својата потреба претерано да компензирате. Поради помалку изразената потреба за секс, некои луѓе спијат со полно партнери за да уживаат во сексуалниот чин. Но, ако ги одржувате сексуалните односи од погрешни причини, со погрешни луѓе ризикувате да се чувствувате уште побезвредно.
Работете на својата самодоверба. Што подобро се чувствувате, поголеми се шансите да запознаете некој кој ви е достоен или да ја подобрите врската во која се наоѓате.