Додека јавноста бара одговори и одговорност од Владата зошто во Брисел не добивме датум за преговори премиерот Зоран Заев цел ден затворен на Илинденска се консултира кој да му биде следниот чекор. Во истовреме,целото раководство на СДСМ во партиското седиште во очекување на одлуката на премиерот и претседател на социјалдемократите.
И покрај информациите, кои ги објавија дел од медиумите повикувајќи се на дипломатски извори, дека Заев си поднесува оставка од Владата со одговор дека во тек се интензивни консултации и дека премиерот Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите на граѓаните и на државата.
Од кабинетот на Заев велат дека штом бидат донесени било какви конечни одлуки истите ќе бидат соопштени. Заев, како што брифираат од Владата, разговарал со премиерот на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, како и со еврокомесарот Јоханес Хан.
Во меѓувреме, на Бихаќка се собрани сите членови на највисоките партиски органи, според неофицијални информаци повикани сите функционери на СДСМ. На оние кои денеска се наоѓаат на пат, службено или приватно, наредено им е да се вратат во Скопје во најкус рок. И покрај тоа што партиското седиште е полно со партиски и владини функционери никој од нив денеска не сакаше да застане пред медиумите со било каква информација или став што по дебаклот со датумот за преговори.
Две сценарија за оставка на Заев
По најавите дека Заев размислува за оставка, па дури и дека веќе ја поднел. Во партиските кулуари се зборува за две можно сценарија доколку се одлучи да се повлече.
Според едното, Заев би си поднесе оставка како и премиерската позицијата, така и од претседателското место во СДСМ. Второт сценарио е дека Заев ќе се повлече само од Илинденска, а ќе ја задржи фотелјата на Бихачка. Во ваков случај, според партиски извори, мандатот за состав на нова Влада би бил повторно во рацете на СДСМ, а како најсериозни кандидати за нов премиер се споменуваат имињата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Според извори и од владејачките и од опозициските партии, распишување на предвремени парламентарни избори веднаш е многу малку веројатно бидејќи постои опасност на тој начин да се загрози процесот на ратификување на протоколот за членство во НАТО.