Што работеа досега четворицата министри на СДСМ-ДУИ, 9 години нема ажурирани упатства за лекување пациенти

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува:
„НА КРАЈОТ МЕЏИТИ СЕ ФАЌА ЗА СЛАМКА“

Kога се гледа крајот на министерот за здравство му текна да се сретне со работната група која ќе работела на ажурирање на упатствата за практикување медицина заснована на докази – За истата комисија, самиот Меџити признава дека листата е постоечка, ама последен пат ажурирана во 2014 година.

Оттука прашуваме:

1.Зошто после пауза од 9 години дури сега се ажурираат упатствата за лекување на пациенти според медицина базирана на докази?

2. Што работеа до сега четворицата министри за здравство во Владата на СДСМ-ДУИ?

3. Дали пациентите во Македонија до сега се лекуваа според неажурирани упатства за лекување?

4. Дали во овој процес на ажурирање на упатствата не е потребно и да се вклучат и еснафските здруженија како Лекарската комора и здруженијата на пациентите засегнати според дијагнозата?

5. Дали ова не треба да биде континуиран професионален процес што треба да биде стимулиран од фелата и од медицината а не да зависи од политиката и волјата на министерот?“, стои во нивниот пост на Фејсбук.