![Janko_Ilkovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/Janko_Ilkovski.jpg?resize=480%2C480&ssl=1)
Некои луѓе можеш да ги лажеш цело време, сите луѓе можеш да ги лажеш некое време, но не можеш да ги лажеш сите луѓе постојано – Абрахам Линколн
А, и како си дошол на власт, нели? А, дојде со фрлање на кондоми, курчење, пцуење – где сте пи*ке, и се тоа поминуваше оти оваа напатена маса која се нарекува народ, јавност, потајно посакуваше она што претходниците твои не го направија и очајни ти дадоа шанса, ај, можеби сега кога имате поддршка и од марсовци, ќе се случи чудо. И се случи! После 4 години, на мојата онлајн анкета избран си за најлош градоначалник на сите времиња, а мислев Трифун ќе биде прв! Но, не можам онлајн анкета да ја штелувам како ти и твоите аморфни безр’бетници кои ти штанцаа по нарачка. Потценување на народ?!?!? И претходниците тука паднаа на она „ЈАКИ СМЕ, НИКО НИШТА НЕ НИ МОЖЕ“.
Ризикато е да се пишува пред рака, пред избори и предвидува, оти курчот е голем, а тој доаѓа поради снимениот, фотографираниот поткуп, дилот со Албанците само и само за тебе да гласаат и како што дојде, со куроболие дали некој те гласа, сака, верува, така и ќе заминеш. Ама на ист начин! Политичко маалски курназлак, пали само кај твоите роспивчиња, слепо партиски зацапани ко лиде на Бенко кој уште корне на чад, а ВИЕ МУ АПЛА – УДИРАТЕ.
И како беше она со стариот чичко кога ти пријде пред некоја година, да ти замери за неисполнето ветување, како му рече? Памтиш? НЕМОЈ ДА НЕ ГЛАСАШ- ИЧ НЕ МОРАШ, НЕ МЕ ГЛАСАЈ!
Има една теорија на пеперутката за хаосот – дека нејзиното замавнување со крилјата на другата страна од планетата и придвижуавње на неколку молекули на водухот, кога ќе сврти полн круг донесува ураган, бура, торнадо… е исто така, малку по малку дојде и ти до македонската – жнеење-сеење, како дојде така и си одиш.
Последните мерења покажуваат дека 70% се против вториот твој мандат, 70% и тоа со нагласка дека на улично куче попрво би му дале глас одошто тебе. Ти си паднат, треба само официјално да се верификува.
Но, ова ќе биде и тест за ДУИ, бидејќи и покрај се’ Македонците и Албанците во Гази Баба се сплотени, оти им е преку половиот орган од политика и неисполнети ветувања кога секоја ден цапаат у кал, немаат вода… не верувам дека антагонизмите се надминати, но дека на Албанецот сега повеќе му е потребно претседател на држава одошто асфалтирана улица, водовод, канализација… не, не верувам. Не се сите привилигерин да дадат глас за тебе и да не плаќаат струја, вода, комуналии… еј, ало 70% се против тебе и се е јасно…
Останува само едно нејасно, дали поктупот и инжињерингот ќе поминат, дали ќе успее лажирањето и изигрувањето на вољата на граѓаните. Ако дојде до тоа, ќе бидеш похејтан од Мијалков, Груевски и бугарската политика заедно – како вис-верса. Ама па тебе те здоболе, па 99% да те хејтаат само да останеш да довршиш местените тендери и недовршените проекти да не се довршат уште 4г. Стана лик за к-ташак на било која софра, освен онаа која директно цица од тебе – никој друг – нема неопределен за тебе! Сега се’ е на Албанците, дали останаа послушни дронови и они зацапани во клиентелизам или и нив им е преку глава живеејќи во суб- стандардни услови. Но, што и даа се се случи, лошо ќе биде по Али. Ако му успее ќе биде новиот синоним ала Груевски. Ако изгуби, Алијанса ќе го пополни новиот простор. Само тоа останува како непознато. Само едно е сигурно дека лажирање ти ја спасува фотељата.
Како и да е Данела, само со насмевка те порази, само со поглед, оти не ради шарм и убавина, љубезност и висока култура, туку народот препозна во неа нешто што ти можеше да им го пружиш – во многу наврати ама јбг, школа Бранко, курч, чалам, курназлак, мангуплук се послатки одошто слугување на народот. Згора, веќе ги изгуби нервите…лошо, што и да биде лошо по тебе, а тек за народов.
Нејсе, мирно спијам, мирно се будам, жалам само што не дојде и не се одзва на поканата да гостуваш во емисијата, ама тоа е твојот прерогатив, да покажуваш сила у својот подрум на тие кои ти се заклучени.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес