Што зборувале Венко и Орце кај Боки дома, и каква била јавно-партнерската шема?

Според поратлот Инфомакс.мк, во случајот „Рекет“ се спомнува и министерот за здравство Венко Филипче, при што се наведува ењден состанок меѓу Бојан Јовановски, Венко Филипче и Орце Камчев. Или, како што наведува авторот, серијата на состаноци.

Се појаснува дека името на Венко Филипче, како човек кој бил во контакт со рекетарите на неговиот владин шеф, Боки 13 и Катица Јанева, за прв пат се споменува на второто рочиште пред судот, дента кога за сведок е повикан Орце Камчев, како пријавител на рекетарската шема која се вршела врз него.

Во таа насока Венко изјавил дека се знаел со Орце и дека таков состанокт навистина се случил, но небило така, затоа што имало повеќе состаноци на тројката Боки, Венко и Орце. Сите биле тематски, односно во насока да се искористи позицијата на Камчев со цел министерот за здравство да си ја обезбеди својата иднина по промената на власта по 12 април. Секако, во тие моменти Филипче не знаел дека ќе има предвремени парламентарни избори, но работел на обезбедување на финансиската сигурност и сигурноста на неговите поколенија.

„Имено, тема на разговор на состаноците било склучување на јавно-приватно партнерство помеѓу Министерството за здравство и Орце Камчев. Во ова јавно-приватно партнерство, како што кажува Боки Тредичи, Орце Камчев бил убедуван да ја купи Градската болница „8 Септември“, и видете чудо – понудената спогодба била во висина на побараниот рекет. Од бизнисменот се барало да влезе во партнерство со Филипче за 10-тина милиони евра, a од овие одреден процент да биде исплатен во кеш пред склучувањето на ЈПП. Секако, „каса“ би бил Боки до исполнување на договорот. Нешто како ценовникот на Димишкови…

Како и Боки и Катица, овој план на бизнисменот му бил презентиран како „одлична можност“ тој повеќе да нема проблеми со власта. Демек, вака да си ја купи слободата. Класичен, легализиран рекет“, се невдува во текстот на Инфомакс.

Потоа се поставуваат неколку прашања:

И сега сакате да ми кажете дека Зоран Заев не знаел за „Рекет“?

Или пак сакате да дискутираме дали Никола Димитров го информирал неговиот шеф дека еден нерезидентен амбасадор го информирал дека бизнисмени се рекетираат година дена пред да пукне аферата во јавност?

Како тогаш Заев знаел дека Боки „многу му земал“ на Орце и дека „не требало толку“?

Кој бил човекот кој во Влада го повикал Боки за да го информира дека Орце бил таму и го пријавил рекетот што се вршел врз него? Зошто обвинителството не истражува во оваа насока?

На карјот се заклучува дека името на Венко Филипче за прв пат во етерот го вади токму Бојан Јовановски. Па оттаму го поставуваат прашањето отвори ли Боки ново поглавје во „Рекет“, испраќајќи му порака на Зоран Заев дека ќе ја разоткрие целата шема и сите инволвирани?