Полицајците во 14 бразилски држави, од кои шест во кои ќе бидат одиграни натпреварите од фудбалското светско првенство, за денес најавија еднодневен штрајк, пренесоа новинските агенции.
Полицајците одлучиле да го прекинат работењето барајќи 80 отсто повисока плата.
Во некои бразилски држави, штрајкот ќе опфати дури 70 отсто од полициските сили, кои се задолжени за кривична истрага.
Воената полиција во Ресиф минатата недела била во штрајк три дена, а некои жители ја искористиле приликата и ограбиле работилници, поради што неколку лица биле уапсени.
Светско фудбалско првенство ќе биде одржано во 12 бразилски градови во периодот од 12 до 13 јули.