Штрајк на просветните работници во Србија

Унијата на синдикати на просветните работници на Србија денеска одржа штрајк, и според планот наставниците не го одржале првиот час во претпладневната смена во основните и средните училишта.

Досега на штрајкот се приклучија повеќе просветни работници отколку што беше очекувано, но прецизни податоци ќе можат да се соопштат кога ќе се соберат податоци на сите четири синдикати, пишува МИА.

Синдикатите вчера соопштија дека штрајкот го организираат поради најавеното намалување на платите во јавниот сектор и бараат просветните работници да бидат изземени од тие мерки.