Поранешниот член на медицинската комисија на Меѓународнаа автомобилска федерација (ФИА), д-р Гери Хартштајн, истакна дека мали се шансите здравствената состојба на седумкратниот шАмпион во Формула 1, Михаел Шумахер да се врати во нормала, по несреќата што ја имаше на скијање, а по која се уште се наоѓа во индуцирана кома. Шумахер имаше две операции на мозокот, а Хартштајн тврди дека тој има повреди и на централниот и на левиот дел од мозокот.
„За жал, многу е веројатно дека има уште хематоми, на левиот и на централниот дел од мозокот, а не само на десниот сегмент. Таа зона е од исклучителна важност, затоа што таму се наоѓаат центри кои ја регулираат свеста, чувствата, контролата на крвниот притисок, дишењето и голтањето“, изјави д-р Хартштајн.