Освен тој со потенцијалните засилувања кои би требало да пристигнат на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, го состави и списокот со фудбалери на кои ќе им биде покажана излезната врата по завршувањето на актуелната сезона.
Излезната врата од “Олд Трафорд” сигурно ќе им биде покажана на Андерсон кој пролетниот дел од актуелната сезона го игра како позајмен фудбалер во дресот на Фиорентина, потоа на Нани и на Вилфред Заха, кој е позајмен на Кардиф, а карта во еден правец ќе добие и дефанзивецот Александер Бутнер.
Наследникот на сер Алекс Фергусон е подготвен да ги слушне и официјалните понуди кои ќе бидат испратени за Дарен Флечер, Том Клеверли, Синји Кагава и Хавиер Хернандез.
Ново договори сигурно нема да добијат Патрис Евра, Рио Фердинанд, а велшкиот ветеран, Рајан Гигс ќе биде именуван за прв помошник на Дејвид Мојес.