Моментално најдобрата тенисерка на светот, 21-годишната Полјачка Ига Швјатек продолжи со импресивната победничка низа совладувајќи ја 18-годишната Американко Коко Гауф фо финалето на турнирот Ролан Гарос со 6:1 и 6:3 во мечот кој трраеше 68 минути.
Ова е 35-та последователна победа сезонава на Швјатек, која ѝ го донесе вториот трофеј на Сузан Ленглен кој првпат го освои пред две години.
Ова е шеста титула за Швјатек во 2022 година, а вкупно деветти во кариерата. Полјачката по поразот во нејзиното прво финале, во 2019 година во Лугано од Словенката Полона Херцог, во следните девет своите ривалки ги остави без ниеден добиен сет и со најмногу пет освоени гемови.
Коко Гауф во своето трето финале во кариерата, а првото на некој Грен-слем турнир, го доживеа првиот пораз.
На Швајтек за освојување на првиот сет ѝ беа потребни 32 минути. Првата тенисерка на светото го искористи поголемото искуство во однос на американската тенисерка и ги освои првите четири гема во сетот. На Гауф, пак, ѝ беа потребни повеќе од 20 минути да го освоите првиот гем, но само накусо го прекина патот на нејзината ривалка кон освојувањето на првата делници. Беше тоа и првиот загубен сет на Коко Гауф на годинешниот Ролан Гарос.
Американката малку подобро го започна вториот сет во кој благодарејќи на серијата грешки на противничката во првиот гем дојде до „брејк“ кој во следниот гем го потврди за водство од 2:0. Таквиот развој на настаните, како да ја разлути Швјатек која во следните пет гемови загуби само пет поени и дојде до еден гем од својата втора Грен-слем титула во кариерата.
Освен што освои 2.000 бодови со кои се зацврсти на чело на поединечната ВТА листа, Швјатек од Париз ќе замине и побогата за 2,2 милиони евра.
Видно разочараната Коко Гауф, пак, ја освои својата најголема парична награда досега во износ од 1,1 милиони евра, а во понеделник ќе дојде и до најдобриот ранкинг во кариерата, кога ќе биде 13-та на ВТА листата.
Покрај тоа, Американката во недела ќе има можноста да го освои својот прв Грен-слем во конкуренцијата на женските двојки, кога со сонародничката Џесика Пегула за трфејот ќе играат против домашните миленички Каролен Гарсија и Кристина Младеновиќ.