Граѓаните на Швајцарија се подготвуваат за есен, за која сметаат дека ќе биде отежната со снабдувањето со електрична енергија, како и дека дома треба да имаат свеќи во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели првиот човек на енергетскиот регулатор, Вернер Лугинбил.
„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, нека има доволно дрва“, рече тој и наведе дека не се сфаќа доволно сериозно предупредувачката политика на „Елком“ во последните години.
Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами, пренесува Танјуг. Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и продажба на електрични греалки