По веќе месеци одолговлекување, Швајцарија во средата се откажа од планот за инстутиционален договор со Европската унија, бидејќи смета дека тоа би ја загрозило нејзината имиграциска политика, додека Брисел изрази жалење поради таквата одлука.
Швајцарскиот претседател Ги Пармелен на прес-конференцијата најави дека Конфедерацијата ќе ги заврши преговорите за овој договор кој требаше да ја одреди вистинската рамка за учествување на Швајцарија на единствениот пазар на ЕУ и да воведе механизам за решавање на споровите.
Најавата скедеше по самитот во Брисел на 23-ти април меѓу швајцарскиот претседател Ги Пармелен и претседателката Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, кога не успеаја да ги приближат ставовите по спорните точки, меѓу кои беа платите, слободното движење на луѓето и јавната помош.
Берн смета дека во „заеднички интерес на Швајцарија и ЕУ е зачувувањето на соработката и сака да се покрене политички дијалог со ЕУ за продолжување на соработката“. „На почетокот сме од новото поглавје во односите на Швајцарија и Европската унија“, рече Пармелен.
ЕУ повеќе од десет години бараше договор, но преговите започнаа дури во 2014 година. Швајцарија и натаму повеќето од точките ги сметаше проблематични, но ЕУ одбиваше секаков дополнителен компромис по крајот на 2018 година.
„Жалиме поради оваа одлука, особено поради напредокот постигнат последните години на институционалниот рамковен договор. Без овој договор модернизацијата на нашите односи нема да биде возможна и нашите билатерални договори неизбежно ќе застарат“, реагираше во средата Европската комисија.
Во Швајцарија, Социјалистичката партија изрази жалење поради неуспешните преговори со ЕУ, како и еколошките партии од десницата и од левицата, а Зелените оценуваат дека се случил „Ватерло“. Десната Либерално-радикална партија жали поради изборот на Берн, но нагласува дека ЕУ „не ги земала предвид интересите на Швајцарија“, додека најголемата партија во земјата десната UDC ја поздрави „победата на самоопределувањето“.
Споменатиот рамковен договор требаше да биде ограничен на петте постојни договори за пристапот на пазарот: слободно движење на луѓето, копнениот сообраќај, воздушниот сообраќај, техничките пречки за трговијата и земјоделието, како и на идните договори за пристапот на пазарот, на пример во сферата на електричната енергија.
Европската унија својот потпис го смета за предуслов за склучување секој нов билатерален договор за пристапот на својот пазар.