Швајцарија истражува како нејзина воена опрема завршила во Украина

Швајцарските власти спроведуваат истрага по информациите дека оклопните транспортери „Eagle I“ од кои завршиле во украинските вооружени сили, изјавил за агенцијата РИА Фабијан Махенфиш, портпарол на швајцарскиот Државен секретаријат за економија (SECO).

„Швајцарија продолжува да ги разјаснува фактите и во моментов е во контакт со Германија во овој контекст. Не е познато колку долго ќе трае ова појаснување“, рекол Мајенфлиш.

Портпаролот појаснил дека во 1990-те години на Данска ѝ биле предадени 36 оклопни транспортери „Eagle I“ а во 2012 година оваа земја побарала реекспорт на 27 возила на приватна компанија, Според Мајенфлиш, од Копенхаген во одговорот на соодветното прашање од Берн рекле дека нема да ја предадат опремата никому без изрична швајцарска согласност. Нагласил, исто така, дека само бројот на шасијата ќе овозможи јасно да се следи потеклото на возилото, но оти секретаријатот го нема тие информации.

Случајот се разгледува откако швајцарските медиуми неодамна објавија фотографии од два оклопни транспортери „Eagle I“ од швајцарско производство што ги користеле украинските војници на боиштето во Донбас.

Претходно Швајцарија повикувајќи се на принципот на својата воена неутралност, иако се приклучи на западните санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина ги отфрли барањата на Германија, Шпанија и Денска и за реекспорт на Киев на муниција произведена во капацитетите на швајцарската наменска индустрија. Како што појасни официјален Берн, швајцарската страна според договорите и прописите има право да одбие барање за реекспорт доколку земјата крајна дестинација на залихите е вклучена во меѓународен вооружен конфликт.

На почетокот од март германскиот гигант од воената индустрија „Rheinmetall“ побара од Швајцарија да купи 96 тенкови „Leopard 2“ со ветување дека нема да ѝ ги испорача на Украина.