Швајцарската економија стагнирала во второто тримесечје, по закрепнувањето на почетокот од годината, имајќи предвид дека намалените вложувања ја анулирале стабилната лична потрошувачка, објави во понеделнкот секторот на Министерството за економија SECO.
Швајцарскиот бруто домашен производ (БДП) се задржал на нивното од првите три годинешни месеци кога беше зголемен за 0,9 отсто, кога ќе се исклучат спортските манифестации.
И вклучуањето на спортските настани, со поврзаните активности на рекреирање, но и извозот и увозот на услугите, покажуваат стагнација на активностите во периодот од април до јуни и побавен праст на БДП-то во првиот годинешен квартал за 0,3 отсто.
Додадената вредност во индустријата се намалила во споменатиот тримесечен период, а во услужниот сектор повторно забележала натпросечен раст, покажуваат податоците на министерството.
Личната потрошувачка пораснала за 0,4 отсто, а државната била речиси непроменета во однос на првите три овогодишни месеци.
Инвестициите на компанијата во опрема и софтвер, пак, се намалени за 3,7 отсто.
Извозот на стоки паднал за 1,2 отсто, додека извозот на услуги пораснал за 2,6 отсто. Најизразено се намалил увозот на стоки, за дури 7,2 отсто, додека увозот на услуги е зголемен за 1,5 отсто.
На годишно ниво швајцарската економија проаснала во периодот од април до јуни за само 0,5 отсто, по 1,5-процентното зголемување во првите три годинешни месеца.
Кога ќе се исклучат спортските настани, стапката на раст изнесувала во вториот годинешен квартал 1,1 отсто, на почетокот од годинава 1,8 отсто.