Еден од водечките уметнички музеи во Швајцарија објави дека ќе отстрани пет слики од една од своите изложби додека истражува дали тие биле украдени од нацистите.
Делата кои се дел од колекцијата во музејот „Kunsthaus Zürich“ им припаѓаат на некои од најпознатите светски уметници, меѓу кои и Клод Моне и Винсент ван Гог.
Долго време имаше сомнежи за потеклото на делото во збирката на Емил Бирле. Колекцијата е именувана по трговец со оружје роден во Германија, кој своето богатство го заработил за време на Втората светска војна правејќи и продавајќи оружје на нацистите.
Одлуката за отстранување на сликите следува по објавувањето на новите упатства за ппостапување со големиот број уметнички дела кои сè уште не се вратени на семејствата од кои се украдени.
Уметничките дела кои се предмет на истрага се: „Сликаревата градина кај Живерни“ од Клод Моне, „Портрет на скулпторот“ на Луј-Жозеф Густав Курбе, „Портрет на Жорж-Анри Мануел“ од Анри де Тулуз-Лотрек, „Старата кула“ од Винсент ван Гог и „La route montante“ од Пол Гоген.
Одборот на Фондацијата за колекција на Емил Бурле рече дека „се стреми да најде фер и правично решение за овие работи со законските наследници на поранешните сопственици во согласност со најдобрите практики“.
Шестото дело од колекцијата, „La Sultane“ на Едуар Мане, исто така, беше под натамошно испитување, но фондацијата соопшти дека не верува дека новите упатства важат за него и дека сликата ќе се разгледува одделно.
„Поради севкупните историски околности поврзани со продажбата, Фондацијата е подготвена да понуди финансиски придонес за имотот на Макс Силберберг во поглед на трагичната судбина на поранешниот сопственик“.
Силберберг бил германски еврејски бизнисмен, чија богата колекција на уметнички дела била продадена на принудни аукции од нацистите. Се верува дека е убиен во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц за време на холокаустот.
Според весникот Neue Zürcher Zeitung, се расправало дали Силберберг бил принуден да го продаде „La Sultane“ или тоа доброволно го направил од финансиски причини.
Повеќе од 20 земји, вклучително и Швајцарија, претходно оваа година се согласија со новите практики на Стејт департментот на САД за постапување со уметничките дела украдена од страна на нацистите.
Практиките беа издадени по повод одбележувањето на 25-годишнината од Принципите на конференцијата во Вашингтон во 1998 година, збир на принципи насочени кон враќање на предметите што биле украдени или насилно продадени.
Стјуарт Ајзенстат, специјален советник на американскиот државен секретар за прашања на холокаустот, за време на објавувањето на најдобрите практики во март рече дека се проценува дека „повеќе од 100.000 од 600.000 слики и многу повеќе милиони книги, ракописи, ритуални религиозни предмети никогаш не биле се врати“.