Швеѓани обвинети за шпионажа во полза на Русија

Двајца браќа од Шведска се обвинети за шпионажа во полза на Русија, објави во петокот шведското обвинителство.

„Обвинителите Пер Линдквист и Матс Јунгквист од Одделот за национална безбедност денеска обвинија двајца мажи за шпионажа од големи размери во корист на Русија. Еден од овие мажи е обвинет и за неовластен пристап до важни доверливи информации“, се наведува во соопштението за јавноста.

Поединостите за случајот се тајни, но се сомничат за сериозно кривично дело против шведскиот безбедносен систем, изјави главниот обвинител Пер Линдквист.

Информациите до кои дошле и ги премеле, можат во посед на странска сила да ѝ наштетат на безбедноста на Шведска, како и на шведските разузнавачки служби.

Се истакнува дека осомничените се во притвор од есента 2021 година, а нивното државјанство не е наведено во соопштението. Но според медиумите, едниот од нив бил висок функционер на тајната служба на Шведска. И двајцата ги отфрлиле обвинувањата.