Шведска од 13-ти јуни ќе ги ублажи ограничувањата во земјата, изјави во четвртокот премиерот Стефан Лофвен, и покрај знаците дека се зголемува бројот на заразените со коронавирусот во некои делови од земјата.
Шведските власти не воведоа карантин, наместо тоа потпирајќи се првенствено на доброволните мерки на социјална дистанца и хигиена се надеваше на спречување на ширењето на вирусот. Повеќето училишта, ресторани и дуќани останаа отворени, а на луѓето им се советува да не преземаат непотребни патувања.
Бидејќи бројот на починатите и пациентите кои се лекуваат на одделите за интензивна нега е во пад, премиерот Лофвен рече дека оние Швеѓани кои немаат симптоми може да почнат да планираат посети на своите летни викендички или роднини во другтеи делови од земјата.
„Оваа одлука не знали дека опасноста е мината. Не значи дека животот повторно врати во нормала, другите ограничувања остануваат на сила. Доколку кривата која ги покажува оени кои се сериозно болни повторно скокне, ќе бидат воведени нови ограничувања“, рече на Лофвен на прес-конференција.
За олеснување на ограничувањата на патувањата беше одлучено откако Агенцијата за јавно здравје пријави пораст на случаите кои не моќе да се објасната со засиленото тестирање.
„За несреќа, во Шведска можеме повторно да виденме раст на сличаите на зараза“, изјави главниот епидемиолог Андред Гегнел на прес-конференцијата упатувајќи апел граѓаните да не попуштаат во мерките за одржување социјална дистанца.
Истакна дека растот на бројката новорегистрирани случаи примарно е забележан на западот на Шведска, и меѓу младите луѓе.
„Заразата меѓу постарите многу брзо падна. Се покажува дека преземените мерки имале ефект. Веруваме дека ќе се случи брзо и пад на смртноста“, речле Тегнел на истата прес-конференција.
Премиерот Лофвен рече дека правилата за социјално дистанцирање ќе се применуваат во возовите и другите системи на јавниот сообраќај, и оти луѓето треба да ги следат сите други ограничувања каде и да се наоѓаат.
„Кога ќе стигнаат на својата одредница, морате да го сторите токму она што би го правеле дома, мерките на социјална дистанца и натаму се применуваат. Не можеме да имаме полни пабови и не можеме да имаме гужви на кое и да де друго место“, рече шведскиот премиер.
Шведска има вкупно 41.833 пријавени случаи на зараза со коронавирусот. Во четвртокот беа забележани 20 нови смртни исходи, со што овој показател порасна на вкупно 4.562, што е многу повеќе отколку во соседните скандинавски земји, но исто така, многу е понизок отколку во Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија.