Шведска го укина ембаргото на извозот на оружје во Турција

Шведскиот Инспекторат за стратешки производи (ISP) соопшти во петокот повторно издало дозволи за извоз на воена опрема на Турција, со што е укинато ембаргото коешто беше на сила од 2019 година, а е една од причините поради кои Анкара го попречува конечниот прием на Шведска и Финска во НАТО.

Двете скандинавски земји поднесоа барање за членство во НАТО, под изговорот на руската инвазија во Украина, но се соочија со противењето на Турција, која ги обвинува за наметнувањето на ембаргото на извоз на оружје за Анкара поради турската инвазија во Сирија и подржувањето на курдските терористички групи, како и организацијата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, која е обвинета за организирање на неуспешниот воен удар во јули 2016 година.

Турција го повлече ветото во текот на самитот на НАТО во јуни во Мадрид во замена, како што тогаш беше соопштено, конкретни напредоци по споменатата тема. Меѓутоа, Анкара вели дека Шведска и Финска оттогаш не ги преземале ветените мерки.

Така, денешниот потег претставува политички пресврт кој е поврзан со инсистирањето на Стокхолм што поскоро да го заокружи своето членство во Алијансата. Во согласност со тие напори ISP почнал да дава извозни дозволи за шведското оружје и воена опрема во Турција за третиот квартал, но не открива кои компании или производи добиле зелено светло, наведувајќи дека станува збор за доверливи податоци.