Шведската влада ги подготвува своите граѓани на тоа дека на Северноатлантската воена алијанса прво ќе ѝ пристапи Финска, а Шведска тоа ќе може да го стори дури откако Турција ќе ги отстрани сегашните пречки, бидејќи пристапот треба да го одобрат сите 30 членки на сојузот.
„Сѐ поголеми се изгледите дека приемот на двете северни земји во НАТО ќе оди одвоено“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон на прес-конференцијата во вторникот во Стокхолм.
Доколку прво бидат ратификувани протоколите за пристапувањето на Финска, во тој случај Шведска „веќе ќе биде побезбедна, бидејќи Финска е во НАТО а не надвор“, додаде Кристерсон.
Двете скандинавски земји, по децениската декларативна воена неутралност и покрај константното учество на воени маневри со НАТО и тесна соработка во воената индустрија и вооружувањето, како изговор ја искористија руската инвазија во Украина заедно да побараат полноправно членство во Алијансата. Досега само Унгарија и Турција не ги ратификуваа кандидатурите на двете земји, а сите други членки тоа веќе го сторија.
И додека во Унгарија се води парламентарна расправа и се очекува ратификацијата на протоколите за двете нордиски земји да се случи пролетва, Турција го блокира, особени пристапувањето на Шведска.
Анкара има забелешки за пружањето политички азил на лица од групациите што таа ги смета за терористички организации, во прв ред Работничката партија на Курдистан (PKK) која води сепаратистичка војна со турската држава од 1980-те години и е на листата терористички организации и на ЕУ и на САД. Истото се однесува , како и на следбениците на движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен (FETO), кој живее во егзил во САД, кое е обвинето за воспоставување „држава во држава“ и за неуспешниот воен преврат во јули 2016 година.
Во меѓувреме Турција постигна договор со двете земји за надминување на спорните теми, и оствари напредок со Финска, но тензиите со Шведска се зголемија поради одбивањето на шведскиот Врховен суд да ѝ испорача лица осудени од турското правосудство и откако Стокхолм дозволи одржување два протестни собири во близина на турската амбасада на кои курдски активисти обесија наопаку кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган а седум дена потоа данско-шведски екстремен десничар ја запали светата муслиманска книга Куранот.
Откако во почетокот Финска и Шведска истакнуваа дека истовремено ќе пристапат во НАТО, во Хелсинки последниот период истакнуваат дека е сѐ поизвесно самостојното финско членство.
„Шведска е подготвена за таквото сценарио“, рече премиерот Кристерсон на прес-конференцијата на којашто беше придружуван од главниот шведски преговарач со Турција, Оскар Стенстром Кристерсон во среда ќе патува во Берлин на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.