Шведска е убедена дека Турција ќе го одобри нејзиното барање за придружување на НАТО, но не може да ги исполни сите услови кои ги бара Анкара, изјави во неделата шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Турција потврдува дека сме го сториле она што рековме дека ќе го сториме, но исто така вели дека сака работи коишто ние не можеме или не сакаме да им ги дадеме“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон на конференцијата на воен тинк-тенк во Стоклхолм.
Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.
До крајот на јуни се чинеше дека спорот меѓу Анкара, од една страна, и Стокхолм и Хелсинки, од друга страна, поради поддршката на терористичките организации е надминат. Турција, Шведска и Финска на самитот на НАТО во јуни во Мадрид потпишаа меморандум, но Анкара повторно се закани со блокирање на приемот на двете нордиски земји. Стокхолм и Хелсинки со него се согласија да преземат низа потези со кои ќе ги отстранат забелешките на Турција за нивите политики кои ѝ штетат на нејзината национална безбедност. Но владите на двете земји подоцна изјавија дека не се согласиле на посебни екстрадиции и дека сите барања од Анкара ќе бидат решавани во согласност со домашното и меѓународното право.
Анкара во последните изјави во врска со темата изрази разочарување со одлуката на Врховниот суд на Шведска од крајот на минатата година со којашто е запрено барањето за израчување на новинарот Булент Кенеш осуден во Турција за учество во дека е припадник на мрежата FETO, обвинета дека стои зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.
Меѓутоа, значајна улога во блокирањето од страна на Анкара има и одлуките на поедини земји членки на НАТО кои ги запреа продажбите на оружје за Турција. Конкретно Финска и Шведска имаат ембарго врз испораките на оружје за Турција поради нејзината копнена инвазија против курдските милиции во северна Сирија, Единиците за заштита на народот (YPG) кои ги смета за сириско крило на PKK а се вооружувани и обучувани од САД и чија припадничка е обвинета за терористичкиот напад од минатиот месец во Истанбул во кој загинаа шест лица.