Денес во хотел „Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje) со почеток во 12:00 часот се одржа втората трибина од циклусот за претставување на клучните точки од програмата „Македонија повторно горда“ на тема „Национална безбедност“ на кандидатката за Претседателка на Македонија професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Учесници беа проф. д-р. Тимчо Муцунски, Наќе Чулев поранешен министер за внатрешни работи, Анастасија Илиеска поранешен државен секретар во МВР, Емил Димитриев, поранешен премиер на Република Македонија.
-Како ќе бидеме ние Европска држава ако сме постојано во кризна состојба. Нас не дефинираа како држава која е цикличен, постојан хибриден режим, партизирана нефункционална заради врхушката на ДУИ и СДСМ. Мора да ни се случи game change и во безбедносниот сектор, зошто станавме пропадната држава. Еднаш треба да создадеме систем без оглед кој е на власт. Професионалниот кадар да биде на соодветни позиции. Да продолжиме да ги исполнуваме стандардите на НАТО, иатакна проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Во продолжение погледнете го целото излагање на професорката и кандидатка за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова: