
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на својот фејсбук профил во понеделникот објави за своето задоволство од средбата со партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од челникот Христијан Мицкоски.
Сијарто, чија партија Фидеш негува блиски односи со ВМРО-ДПМНЕ во рамките на групацијата европски народни партии, за споменатата средба истакна дека е особено важно европските интеграции за земјите од западен Балкан да имаат широка поддршка.
Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со словенечкиот премиер Јанез Јанша, како дел од неговата мини-дипломатска офанзива кај сестринските партии во регионот и Европа, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Независно што ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на Европската унија (ЕУ)“, реле Мицкоски, цитиран во партиското соопштение.
Истакна дека со Орбан и Јанша ќе разговара за „можноста Унгарија и Словенија да помогнат за придвижување кон европската иднина“.