![general mark mili](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/general-mark-mili.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Генералот Марк Мили во петокот ја напушти функцијата началник на Здружениот d=fенералштаб на армијата на Соединетите држави по мандатот обележан со бројни кризи во странство, како и во самите САД.
На негово место ќе дојде Чарлс Браун, актуелен командант на воздухопловните сили. По Колин Пауел во 1990-те, тој ќе биде вториот Афроамериканец кој ќе ја заземе челната позиција на најмоќната војска во светот.
Откако ја презеде функцијата во октомври 2019 година, се нижеа криза по криза, без престанок, изјави генерлот Мили неодамна за AFP.
Заедно со министерот Лојд Остин, Мили организираше американска воена помош за Украина по руската инвазија кон крајот на февраруари 2022 година.
Неговиот мандат беше обележан и со американскиот дебакл во Кабул, кога во август 2021 година талибаните ја вратија контролата врз Авганистан и неговиот главен град на крајот на дваесетгодишната војна што дури и самиот Мили ја опиша како „стратешки неуспех“.
Генералот Мили, исто така, изрази жалење што беше присутен покрај Доналд Трамп кога во Вашингтон беа растурени протестите на движењето „Животите на црнците се важни“ пред Белата куќа.
Неговиот наследник Чарлс Браун е искусен пилот со 3.000 часови лет, од кои 130 борбени часови. Тој беше командант на американските воздушни сили на Блискиот исток и на Пацификот.