
Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците, изјави пред новинарите Гордана Силјановска Давкова, носител на кандидатската листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1.
Силјановска Давкова притоа изрази дека е „пријатно изненадена“ од тоа што избирачката кутијата била речиси полна и ако станува збор за раните претпалдневни часови и „едвај го спуштила“ гласачкото ливче.
„Значи дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните.
Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија“, заклучи Силјановска Давков