![ustav](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/ustav.jpg?resize=420%2C300&ssl=1)
Професорката Гордана Силјановска Давкова на телевизиско интервју вечерва на Канал 5 телевизија истакна дека оваа власт требаше веднаш да постапи по забелешките на Венецијанската комисија.
„Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа, но со силата на знаењето и угледот има големо влијание, ние слушавме дека законот за употреба на јазиците бил даден, но ништо од тоа не бидна, да го поднесеа законот на време ќе се увиделе грешките, рече Силјановска Давкова.
Ние кои ја критикувавме постапката и решенијата од тој закон бевме националисти, оти дали сега моите колеги од Венецијанската комисија се македонски националисти, не се, туку тие се европски легалисти, додаде Силјановска Давкова.
Професорката, исто така, посочи дека од поднесувањето на законот по скратена постапка, до решенијата внатре, се е спорно со тој закон, тоа што го пишува во амандманот 5 не е тоа што го пишува во законот, во судските процедури ќе има невидени проблеми.