Силјановска до Османи: Доцните!

Доаѓате овде доцна, инспириран од господинот Петков бидејќи тој веднаш побара пред бугарското народно собрание да ја објасни целата ситуација во односите со нас, му порача пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова на денешната собраниска комисија на министерот Бујар Османи.

– Јас од телевизија дознав за нотата на Бугарија испратена во ОН и се чудев на логиката. Краткото име нешто друго асоцира. Ако во минатото речете Република Македонија, или државата Македонија тоа е референца специфика во однос на Македонија генералис, историја, географија, етнографија, сега не е така. Зошто кога ќе ја кажете државата со новото име тоа е територија која нема однапред одредница. Значи ако имаше во науката и меѓународните односи се споредуваат исти ентитети, не се споредува држава со географски територии – рече Силјановска-Давкова.

Таа кажа и дека се чуди каде е претседателот на државата по однос на ова прашање.

– Се чудам каде е претседателот, морам да кажам. Овде треба тој да се појави бидејќи може тој тоа да го направи на наше барање, а може и сам, тоа е исто така една поента – нагласи таа.

Според пратеничката, Османи повеќе пати ја споменал резолуцијата за црвените линии во проговорите, но како што рече, неколку пати со неговите изјави излегол надвор од резолуцијата.